Во здравиот начин на исхрана, рибата е еден од основните продукти. Таа содржи незаситени маснотии, богата е со минерални соли и ги содржи витамините Б1, Б2, Б6 и Б12.
Во нашите Супер Тинекс маркети во Скопје: Јужен Булевар, Првомајска, Раде Кончар, Зебра, Драмски, Годел, Млечен и во Супер Тинекс во Куманово можете да најдете свежа риба, која се доставува секој вторник и четврток!
Речните, слатководни риби се богат извор на протеини со висока биолошка вредност, фосфор и витамини. Рибата му е потребна на организмот за раст, развој и интелектуалени рад развиток. Таа, би требало да се конзумира најмалку два пати неделно.
Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилната исхрана. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамините Б12, Б6, содржи и витамин А и Б1, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо.
Крапот спаѓа во помрсните риби. Богат е со белковини, омега 3 масни киселини, витамините А, Д и Е. Го чува мускулот на срцето и ги ублажува тегобите од болестите на крвните садови и псоријазата.
Орадата е една од најценетите морски риби. Има интензивен мирис и вкус и е богата со железо и јод.
Бранцинот е една од најинтелигентните риби. Содржи 3- омега 3 масни киселини, полумасна е и лесно сварлива.
Лосост е богат е со витамините Д, Б6 и Б12, и но, го зголемува и нивото на серотонин, - хормонот на среќата. Лососот е често барана риба, и лесно се подготвува.
Рибата зубатац ја нарекуваат уште и кралица на рибите. Содржи минерали и витамини и особено важните Омега 3 и Омега 6 масни киселини . Поради своето бело вкусно месо особено е барана и ценета во гастрономијата.
Морските плодови се еден од најдобрите извори на омега3 масни киселини, чие, редовно конзумирање значително го намалува крвниот притисок и ризикот од срцеви и други болести. Свежи морски плодови можете да најдете во Супертинексот во ,,Зебра"!
Октоподот е богат со селен, кој е природен антиоксиданс, што ја чува еластичноста на ткивото, одлагајќи ја оксидацијата. Има голема концентрација на витамини и минерали.
Лигњите се во нутритивната група на здрави продукти, така што по значење се вбројуваат заедно со: месото, јајцата, мешункасите и јаткастите плодови. Имаат многу малку заситени масни киселини, но содржат висок процент на холестерол.
Ракчињата се природен извор на јод. Богати се со витамини, особено со витаминот А. Обилуват со минерали. Лесно се подготвуват.