tinex_logo
  • За нас
    • Мисија и визија
    • Историја
    • Галерија
    • Приватност
    • Мисија и визија
    • Историја
    • Галерија
    • Приватност
    • Видео акции
    • Летоци
    • Останати акции
  • Општествена одговорност
  • Кариера
    • Информации за вработување
    • Активни огласи
  • Тинекс картичка
  • Космо Тинекс
  • Travel Solution
  • мк en
Пофалби и поплаки: 072 233 533 Секој работен ден од 08-16 часот
Tinex на Facebook     Tinex на Youtube
  • Дома
  • Маркети
  • Акции
  • Екстра производи
  • Контакт
Општествена одговорност
banner

Тинекс уште од основањето во 1994 негува долгогодишна традицијата на општествено-одговорно работење и придонес кон развојот на заедницата. На почетокот тоа беа помали донации, а како компанијата се развиваше и растеше така и општествено одговорните подвизи беа се поголеми и поголеми.  За таа цел во 2012 ја формиравме платформата “Тинекс, ти и јас” преку која досегашните активности на полето на општествената одговорност се интензивираат и издигнуваат на повисоко ниво. Со цел да придонесеме за напредок на пошироката заедница на која и припаѓаме, изминативе години поддржуваме бројни проекти од областа на образованието, здравството, културата, уметноста и спортот и помош на социјално ранливи групи, од кои како капитални проекти би ги издвоиле:

од областа на спортот:
Поддршка на спортските клубови: МЗТ, Работнички, Водно Санс, Пролет, ФК Вардар, КК Куманово, Скопскиот Маратон и уште многу други спортски иницијативи. 

од областа на здравството:
Подобрување на условите во здравството е еден од приоритетите во нашите општествени активности и досега имаме успешна соработка со неколку институции кога станува збор за унапредување, осовременување и подобрување на здравствената грижа и нега на граѓаните: Детската Хирургија при Универзитетската Клиника, Детската Клиника, Клиниката за белодробни заболувања Козле, Психијатриска болница, Клиниката за гинекологија при Универзитетската Клиника во Скопје. Воедно, постојано помагаме и на многу поединци на кои им треба помош за лекување како во земјава така и во странство. 

од областа на културата:
Културата како важна алка од секое современо општество за нас е област во која со задоволство донираме со цел развивање и афирмирање на македонскиот театар, музика и уметност. Особена поддршка даваме на македонските автори, редовно ја поддржуваме манифестацијата Охридско лето, покровител сме на Наградата за Актер на годината итн.  

од областа на образование:
Образованието е многу важен елемент од инвестирањето во младите потенцијали во Македонија, а ние го препознаваме тоа и често донираме  средства за стипендирање на надежни ученици, даваме  финансиска поддршка за натпревари по знаење низ Европа и светот, но и донираме  средства за спортска опрема во училиштата. 

Вкупниот износ на донациите во  2012 година изнесуваше над 17.5 милиони денари,  во 2013 имаме донирано 15 милиони денари, а во првиот квартал на 2014  имаме донирано вкупно 8 милиони денари. 
Нашите потрошувачи се мотив да продолжиме и понатаму со големиот број на донации и проекти и со тоа да инвестираме назад во заедницата. Тинекс како компанија секогаш ќе биде отворена за помош онаму каде е најпотребно и ќе продолжи да биде лидер во корпоративната општествена одговорност.


сподели ја страницата
print
img
Тинекс ти и јас
Tinex низ Македонија

Пронајдeте го најблискиот Тинекс маркет до вашиот дом", "Markets

© Тинекс Маркети, 2012
За нас | Општествена одговорност | Акции | Екстра производи | Маркети | Тинекс картичка | Контакт
Следете го Тинекс на:
Tinex на Facebook     Tinex на Youtube